Со негова помош и со помошта на уште неколку нивни сојузници од природата ќе се ослободите еднаш за секогаш од досадниот целулит. Следете ги овие три чекори и наскоро ќе бидете задоволни од феноменалните резултати.
– Купка
За да ја направите прво измешајте една супена лажица свежо цеден сок од лимон, 2 капки масло од грејпфрут и 2 капки масло од смрека. Додадете ја добиената смеса во када полна со вода на температура 37 до 39 степени и опуштете се. Овој ритуал се препорачува да го правите секојдневно.
– Масажа
Оваа егзотична масажа се прави многу лесно. После купката масирајте ги проблематичните зони со свеж лимон. И тоа е се. Сега останува уште последниот чекор.
– Пилинг
Последниот чекор од нашата антицелулитна мисија е пилинг на проблематичните зони. За да го направите пилингот измешајте една супена лажица турско кафе со една лажичка маслиново масло, додадете една лажица сок од лимон и една мала лажичка морска сол. Масирајте ги сите проблематични зони по 5 минути.