Со марихуана се излечил од смртоносен канцер!

popara29 март, 20131min00
3

Ова е сведоштво на човек од Хрватска кој тврди дека марихуаната е лек што му го спасил животот!

„Го исплукав туморот од градите. Го држев канцерот во своите раце. Се закашлав и исфрлив парче месо од себе“, раскажува 30 годишниот човек кој сака да остане анонимен.

Пред извесно време му била поставена дијагноза: макроцелуларен пулмо карцином. Лекарите му предвиделе уште 6 месеци живот.

Тој е убеден, како што сам вели дека канцерот го искашлал благодарение на канабисот кој почнал да го користи откако без знаење на лекарот прекинал со конвенционалната терапија што му била препишана.

После 3 месеци на контролниот преглед, немало ни трага од смртоносниот канцер. Меѓутоа никој од лекарите ова не сакаат да го потврдат бидејќи ставот на медицината гласи дека канабисот е дрога.

Пред извесно време Чешка ја легализираше употребата на марихуана во медицински цели. Така стана една од ретките земји каде медицински канабис може да се добие на рецепта. Заболените од мултиплекс склероза тврдат дека канабисот им помага за ублажување на симптомите, а контраверзниот Рик Симонс од Канада смета дека не е во интерес на фармацеутската индустрија светот да дознае за лековитите својства на канабисот.

Foto-ilustracija: Wikimedia.org

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *