Сок од јаболко против вишок килограми

popara1 декември, 20131min00
16

Само за неколку минути можете да направите сок за детоксикација, кој ќе ви го зајакне организмот,ќе ви помогне  да ги намалите килограмите и ќе ви даде дополнителна енергија.

Потребни ви се две јаболка, две стапчиња цимет и еден литар негазирана вода.

Измијте ги јаболката и исецкајте ги на ситни парчиња. Ставете ги во шише заедно со циметот и негазираната вода. Пожелно е шишето да одстои 5 до 8 часа во фрижидер. После неколку часа сокот е спремен за конзумирање.

Кога ќе го испиете сокот, повторно додадете литар вода, а таа постапка можете да ја повторите и наредниот ден.

Истите состојки можете да ги користите 3 дена.