Спиев со сите од Холивуд!

2 февруари, 20130
keri rihard

Девојката која тврди дека е љубовница на принцот Хари, пишува книга за своите лудории со богатите и познатите.

Кери Рихард (40), по професија масерка, до сега напишала 500 страни за ноќите кои ги поминала со различни американски ѕвезди.

Спремете се…бидејќи списокот е долг. Голф играчот Тајгер Вудс, британскиот актер Лу Џад, Роби Вилијамс, кошаркарските легенди Чарлс Баркли и Мајкл Џордан, потоа Мик Џегер, Џек Николсон, но и неколку жени…Парис Хилтон, Линдзи Лохан, Ким Кардашијан и Бритни Спирс.

Убавата русокоса која речиси две децении се забавува на журките во Лос Анџелес и Лас Вегас за странските медиуми изјавила дека се што и се случувало за време на тие луди ноќи ќе биде детално опишано.

Јавноста има слушнато за оваа жена, по забавите со Хари, кој тогаш се соблече гол и ја бакнуваше и играше околу масата за билијард.

Секако, Палатата ги негираше деталите за бакнежите, па затоа таа одлучила да напише што навистина се случило таа ноќ…а тогаш решила и да напише што правела и со мнооогу други познати личности…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *