После утакмицата помеѓу Србија и Македонија навивачите влегувале во соблекувалната и ги сликале репрезентативците голи додека се пресоблекувале.
Фудбалот во Србија е синоним за апсурд, скандал и брука, но грешката на организаторот на оваа утакмица помеѓу Македонија и Србија каде навивачите без проблем шетале низ соблекувалната и ги сликале српските гологази фудбалери, ја преминува границата на здравиот разум. До сега не се случило фудбалерите на некоја друга светска репрезентација да бидат фотографирани голи во просториите строго забранети за јавноста.