SSC TUATRA NOVITETI – Со претенции да биде најбрз во светот!
![6](https://popara.mk/wp-content/uploads/2013/05/6.jpg)
Bugatti Veyron 16,4 SuperSport сеуште е најбрзиот автомобил во светот, но новиот SSC е на пат да постави нови рекорди и да ја преземе челната позиција…
Нивниот Ultimate Aero наскоро би требало да биде заменет од новиот ултра спортски Tuatra, кој е најавен уште во 2011 година.
Иако концептот за Tuatra го видовме уште пред 2 сезони и SSC тврди дека продале десетина примероци, ни еден ваков автомобил сеуште не е симнат од нивната производна трака.
SSC деновиве ја објави веста дека е завршено тестирањето на новиот V8 мотор кој ќе биде вграден во Tuatra моделот. Toj 6,9 литарски бензинец ќе овозможи за автомобилот 1350 кс и 1733 обороти, а она што е поинтересно е дека неговата моќ со одредени модификации лесно може да ја надмине границата од 1700 кс.