Стив Мартин по прв пат стана татко и тоа на 67 години. Во медиумите се шпекулира дека Мартин и неговата сопруга Ен Стрингфилд (41), новинарка на “Њујорк Тајмс”, добиле принова во декември минатата година.
Иако парот познат по чување на приватноста, го држеше во тајност ова радосно случување, неодамна е виден како шета со бебето во Лос Анџелес.
– Добија бебе но никој незнае како успејаа да ја зачуваат тајната, вели неименуван извор за “Њујорк пост”.
Стив и Ен се венчаа во јули 2007 година псле три години заеднички живот. Мартин предходно беше во брак со глумицата Викторија Тенант од 1986 до 1994 Година.