Стогодишна жена тврди: Вискито и 15 цигари дневно се тајната на мојот долг живот!

popara12 ноември, 201317min00
24

Тешко можете да замислите колку стогодишната Дороти испушила во текот на својот долг живот, но можеме да пресметаме – речиси половина милион цигари.

Да се доживеат 100 години не е мала работа, и додека разни книги и документарци препорачуваат здрава исхрана, тајната на 100 годишната Дороти се крие во чашата виски и цигарите. Оваа жена во последните 84 години испушила околу 460 000 цигари, што ја чинело околу 230 000 евра.

“Виски и 15 цигари дневно е тајната на моето добро здравје“, рекла Дороти, славејќи го својот 100-ти роденден.

Почнала да пуши кога имала 16 години и никогаш не престанала. Мислела дека ќе се откаже кога цените на цигарите поскапеле, но и тоа не помогнало.

Дороти својот 100-ти роденден го прославила заедно со пријателите, со виски и цигари читајќи ја традиционалната телеграма која кралицата Елизабета им ја испраќа на сите стогодишници.

И посакуваме да биде жива и здрава!

viski-i-15-cigareta-dnevno

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag