Убавицата позира во празничната колекција на La Clover…
Руската манекенка Ирина Шајк ќе ја видиме во екстремно секси нова фотосесија за каталогот на кинескиот моден бренд La Clover со што повторно стана предмет на завист од страна на милиони жени по светот.
Каталогот со жешките фотографии на кои Шајк позира по долна облека ќе биде објавен за денот на вљубените Свети Валентин.
Ирина повторно покажа зошто е една од најпознатите и најбараните модели во светот.
Ирина коментира дека никогаш не би позирала гола. „Никогаш не би се фотографирала за Плејбој. Да точно е дека сум модел за долна облека, но јас имам класа. Кога минатата година од Плејбој ми понудија солидна сума за да се соблечам, одговорив: Во никој случај!“.
Ирина издава дека си поставила за цел да стане „безобразно богата“.
„Ние русинките ги сакаме парите. Дури кога имаме многу, пак не ни се доволно“, споделува супер моделот.