
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се наоѓа на 28-мо место, додека Тајгер Вудс е најплатениот спортист на светот, според Форбс.
Вудс годишно печали 78 милиони долари, седум пати повеќе од второпласираниот на листата Роџер Федерер. Интересно е дека швајцарецот заработил вкупно 6,5 милиони долари од турнири, а останатото од реклами.
Следуваат спортистите од Америка, Коби Брајант 62, Леброн Џејмс 60, Дру Брис 51, Арон Роџерс 49, Фил Микелсон 48,7, Дејвид Бекам 47,2, Кристијано Роналдо 44 и десеттиот е Меси со заработени 41 милион долари за оваа година.
Ѓоковиќ годишно заработува 26 милиони долари и се наоѓа пред Рафаел Надал.
Најдобро платена спортистка е Марија Шарапова која се наоѓа на 22 место со заработени 29 милиони долари.