Тарт со две чоколади

22 февруари, 20130
tart

Потребни состојки:

за 4 лица:

  • 250гр брашно
  • 100гр шеќер во прав
  • 2 жолчки
  • 2 лажици какао во прав
  • 310гр путер
  • 350гр бело чоколадо
  • 200гр чоколадо за готвење
  • 5,5дл слатка павлака
  • 12гр желатин листови

Начин на подготовка:

Од брашното, жолчките, какао во прав, шеќер и 150гр путер, замесете тесто, направате јуфки, завиткајте во проѕирна фолија и оставете да отстои во фрижидер 60 минути. На работна површина посипана со брашно истегнете го тестото и со него обложете го плехот со дијаметар од 24см, кој е претходно подмачкан и посипан со какао. Тестото покријте го со хартија и печете 20 минути во рерна загреана на 180 степени. За тоа време прелијте го изренадното бело чоколадо со 3 дл врела слатка павалака и мешајте да добиете хомогена смеса. Додадете 100гр путер на парчиња, и продолжете да мешате, постепено додавајќи мешавина од листови желатин растопени во 0,5дл топла слатка пвалака. Половина количина од добиениот крем од бело чоколадо истурете го преку испеченото и оладено тесто и оставете да отстои во замрзнувач 20 минути. Во меѓувреме изренданото чоколадо за готвење прелијте го со 2дл врела слатка павлака, додадете 60гр путер на парчиња и мешајте да добиете густ крем. Три четвртини од овој крем истурете преку белиот крем и оставете да отстои во замрзнувач уште 20 минути. На крајот прелијте со останатиот дел од белиот крем и оставете да отстои во фрижидер најмалку 4 часа. Преостанатиот крем од црното чоколадо ставете го во шприц за декорирање и украсете ја тортата. До сервирање чувајте ја во фрижидер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi