Татко си ги пронашол трите деца со пресечени грла

23 февруари, 20130
2

Ужасна глетка го дочекала таткото на три деца при враќањето во семејната куќа во близина на Париз.

Кога влегол дома ги пронашол своите деца како лежат на подот со пресечени вратови. Децата биле на возраст од 9, 11 и 17 години, а најстаријиот син се уште бил жив, но починал на патот кон болница.

Кога дошол при себе, таткото почнал да вика и да бара помош од соседите кои повикале полиција и брза помош.

Според првичните информации, на децата им биле пресечени вратните жили, а девојчето и нејзиниот 11 годишен брат на телото имале и неколку убодни рани.

Таткото е во шок и е пренесен во болница, а полицијата трага по мајката.

Истражните органи соопштија дека имале информации дека брачниот пар имал одредени брачни проблеми но не се знае кој е убиецот ни пак мотивот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi