Таткото на Крис Браун: Врската со Ријана ќе заврши трагично!
29 април, 20130
Таткото на Крис Браун го советувал да ја раскине врската со Ријана бидејќи се плаши дека во спротивно би имало трагични последици.
Клинтон Браун смета дека неговиот син и Ријана се премногу слични, што не е добро за нив. Тој за таблоидот Сан изјавил дека би бил среќен ако оваа врска се распадне.
Таткото на ѕвездата се плаши дека неговото дете може да замине прерано, како што беше во случајот со Витни Хјустон и Мајкл Џордан. Како идеална партнерка за својот син ја навел пејачката Џордин Спаркс.