Потребни состојки:
- 275 гр лиснато тесто
- 300гр пилешко бело месо
- 300гр тиквички
- лажица путер
- главица кромид
- 80гр рендан кашкавал
- бибер
- сол
- сецкан магдонос
За прелив:
- 4 јајца
- 100мл млеко
- 100мл павлака за готвење
Начин на подготовка:
Ситно исецканиот кромид пропржете го на загреано масло. Додадете бело месо и тиквици исечени на коцки. Динстајте десет минути на силен оган брзо да испари вишокот на течност. Со развиеното лиснато тесто обложете го подмачканиот калап, и на дното избодете го со вилушка на неколку места. На тестото распоредете го подготвениот зеленчук и месо и прелијте со сецкан магдонос. Прелијте со смеса од изматени јајца, павлак, млеко и рендан кашкавал. Печете околу 40 минути на 180 степени.