Тенка како сламка: Жената со најтенка половина во светот!

10 март, 20130
10

Етел Гренџер е родена во 1905 година во САД, а станала позната по својата тенка половина со што влегла во историјата како жена со  најтенка половина во светот. Етел немала природно тенка половина, меѓутоа со години работела на тоа да се доведе до совршенство, според вкусот на нејзиниот сопруг.

До својата 23 година таа носела обични широки фустани кои нејзиниот сопруг ги презирал. За да му угоди почнала да носи корсети и струкирани фустани. Корсетите во почетокот ги носела само преку ден, а на негово инсистирање почнала да ги носи и навечер додека спиела.

Секој нареден корсет бил се помал, во почетокот било непријатно и тесно но со тек на време Етел влегла во Гинисовата книга како жена со најтенка половина со ширина 33 см. Дури и на 52 години нејзиниот струк бил 35см. Етел умрела носејќи корсет во Питсбург во 1982 година.

Foto: vogue.it

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *