Направете го следново: Седнете на под, а потоа исправете се, без да си помагате со раце.
Како поминавте? Според истражувањето, способноста или неспособноста да ја направите оваа вежба може да покаже колку долг ќе биде вашиот живот.
Учесниците во експериментот биле оценувани со систем од 10 поени, при што за секое седнување и станување без помош на раце, добивале по 5 поени, а за секое користење помош, им биле одземани по 2 поени. Помош со една рака при седнување или станување, значи минус 2 поени, помош со две раце, минус 4 поени…Станување или седнување без помош на раце ви носат вкупно 10 поени.
Резултати: Учесниците кои имале од 0 до 3 поени, имале 5 – 6 пати поголеми шанси за пократок живот, за разлика од оние кои освоиле 8 до 10 поени.
Како тоа способноста да седнуваме и стануваме на под се поврзува со должината на нашиот живот? Еластичноста, балансот, мускулната сила и кординацијата на телото се важен индикатор за целосната здравствена состојба и допринесуваат за должината на животот.
Не плашете се ако не сте го поминале успешно тестот. Тоа не значи дека ќе умрете, а поточно дека треба да почнете да се занимавате со спорт. Уште денес!