Тие имаат се: Пари, слава, успех, но тоа не може да им купи и здравје!

13 декември, 20130
3

Иако нивните животи ни се сервирани на тацна, некои работи сепак со сите сили се обидуваат да ги скријат од јавноста. Ние ќе ви откриеме дел од тие тајни кои овие ѕвезди сепак не успеале да ги скријат од јавноста. парите не ти купуваат здравје, а погледнете кои познати ѕвезди мака мачат со навистина тешки болести.

Џек Озборн

Џек Озборн, синот на популарниот Ози, на 26 годишна возраст дознава дека боледува од мултиплекс склероза. Тоа е автоимуна болест што доведува до пореметување на имуниот систем, мозокот и рбетниот мозок, контрола над мускулите, видот, равнотежа и осет.

Мис Елиот

Успешната раперка долго време ги избегнуваше рефлекторите поради Гравесовата болест. Оваа тешка автоимуна болест делува на штитната жлезда, предизвикува замор, гушење и проблеми со видот. Лек за оваа болест не постои.

Дејвид Бекам

Сите би сакале да бидат на негово место. Но не брзајте со желбите, Дејвид боледува од две тешки болести – Опсесивно – компилсивно пореметување и Туретов синдром.

Мајкл Џеј Фокс

На само 30 годишна возраст му била дијагностицирана Паркинсонова болест. Тоа е пореметување во мозокот што прогресивно се влошува со текот на годините и предизвикува карактеристично тресење, потешкотии при движење и кординација.

Памела Андерсон

Памела во 2002 година дознава дека боледува од Хепатитис Ц, а се заразила од бившиот споруг Томи Ли. Оваа болест систематски го уништува црниот дроб и води до цироза. Оваа болест не се лечи.

Шенон Доерти

Во 1999 година Шенон го шокираше светот кога објави дека боледува од Кронова болест. За жал и за оваа болест нема лек, а симптомите се навистина тешки и поврзани воглавно со дигестивниот тракт.

Ким Кардашијан

Тешко е да се поверува дека оваа ријалити ѕвезда има некакви проблеми во животот. Но таа страда од псоријаза, кожна болест која исто така не може целосно да се излечи, но таа успева тие флеки по кожата успешно да ги маскира.

Меџик Џонсон

Кој би рекол дека поминаа цели 22 години откако Меџик го шокираше светот со извајата дека боледува од ХИВ? За среќа, сеуште успешно се бори со оваа болест со помош на многу скапа терапија која го одржува во живот.

Ник Џонас

На само 13 години дознава дека боледува од дијабетес. От тогаш, никаде не оди без инсулински инекции.

Можеби сјајот и гламурот на овие ѕвезди понекогаш ќе не натера да посакаме да бидеме на нивно место, но ајде, размислете уште еднаш! Дали парите можат да ти купат здравје и среќа?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit