Том Круз сака да ја обнови врската со Кејти Холмс
4 јули, 20130
![5](https://popara.mk/wp-content/uploads/2013/07/52.jpg)
Иако се разделија пред околу година дена и ставија точка на својот брак, славниот пар Том Круз и Кејти Холмс имаат уште доста да си кажат еден на друг.
Холивудскиот актер не крие дека сака да се смири со бившата сопруга, па затоа и напишал емотивно писмо се вели во странските медиуми, а се вели и тоа дека Том тешко го преживеал разводот.
Иако ова не е прв пат Том да посака да се смири со Кејти, можеби овој пат ќе биде поуспешен од пред неколку месеци кога едвај разменија неколку реченици. Актерот е упорен во својата намера, а добар однос им е потребен пред се поради 7 годишната Сури.