Три природни лекови за воспалени синуси, кои ни се лесно достапни

popara17 октомври, 201317min00
12

Синузитис е болест предизвикана од воспаление на слузницата во синусите. Причините можат да бидат најразлични, а најчести се автоимуни болести, бактериски, габични или вирусни инфекции. Воспалението на синусите по правило се лечи со антибиотици, но тие пак се штетни за здравјето како целина, а ако често ги користиме, телото станува резистентно и џабе ги пиеме.

За среќа во природата постојат билки кои можат да ни помогнат да се решиме од воспалението на синусите, а истовремено и да се намали ризикот од повторна појава на болеста.

Портокал

Портокалот претставува одличен извор на витамин Ц, кој го отчепува затнатиот нос и помага за прочистување на синусите. Вдишување на мирис од портокал исто така ќе помогне да се прочистат синусите. Истражувањата покажале дека секојдневната конзумација на портокали може значително да го намали ризикот од воспаление на синусите што е вистински предизвик за личностите кои боледуваат од оваа болест.

Лук

Лукот има одлични антибактериски и антимокотични својства па затоа ефикасно ќе го ублажи воспалението на синусите предизвикано од бактериска или габична инфекција. Алицинот, состојка на лукот која го дава карактеристичниот мирис, има антибактериско дејство поради што е мошне ефикасен и при лечење на оваа непријатна болест.

Коприва

Копривата ги ублажува симптомите од воспалението на синусите, вклучувајќи и иритација на очите и носот. Ова растение ако се користи како чај или тинктура, ја потикнува работата на имунолошкиот систем кој поефикасно ќе ја реши инфекцијата на синусите. Исто така потикнува лачење на слуз од синусите кој е главен причинител на неподносливата болка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag