Трогателна приказна за најверното куче на светот

popara13 ноември, 201335min00
6

Во 1924 година Хидесамуро Уено се преселил во Токио, а со него патувало и неговото куче Хачико – верен пријател кој секое утро го испраќал на работа, а потоа во 16 часот го чекал на железничката станица.

Година дена подоцна Уено починал од мозочен удар, но Хачико и понатаму продолжил да се појавува на железничката станица точно во 16 часот. Секој ден меѓу патниците го барал лицето на својот драг пријател, надевајќи се дека ќе се врати. Со тек на време кучето добило креветче и почнале да му носат водичка и храна.

hachiko-pas-1

Хачико доаѓал на железничката станица следните 10 години секојдневно се до 1935 година кога умрел. Сепак верното куче и понатаму чека – година дена после неговата смрт железницата официјално му посветила бронзен кип со неговиот лик. Оргиналот е уништен за време на Втората светска војна, но во 1948 година бил поставен нов кип кој сведочи за неверојатното куче Хачико и за огромната љубов што ја носат животните во своите срца.

dirljiva-prica-o-psu

Ви препорачуваме да го погледнете и филмот на оваа тема:

httpv://www.youtube.com/watch?v=9Fv4rZxnVn8

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag