Убиена е девојка која настапи на инаугурацијата на Обама

popara31 јануари, 20131min00
hadija

Девојката која минатата недела настапуваше со својот училишен оркестар на инаугурацијата на американскиот претседател Барак Обама е убиена во еден парк во Чикаго.

Убиството на младата девојка, повторно во Америка го отворило прашањето на насилствата поврзани со уличните банди, во кои во Чикаго со повеќе од 500 убиства е на врвот на црната листа. Само во јануари оваа година се убиени 42 лица.
Според првите податоци на полицијата, Хадија Пендлтон настрадала кога засега непознатиот напаѓач отворил оган кон група ученици која била во парк, во близина на училиште во јужниот дел на Чикаго. Се претпоставува дека таа воопшто не била цел на убиецот.
Девојката заедно со уште десетина другари стоела во парк во близина на училиштето, кога напаѓачот ја прескокнал оградата и почнал да пука. Таа била погодена во градите додека се обидувала да побегне, додека едно момче било погодено во ногата.
Полицијата соопштила дека никој од групата не бил поврзан со бандата, така што се претпоставува дека напаѓачот направил грешка.
Паркот во кој Хадија е убиена, е оддалечен од помалку од два километри од родната куќа на Обама.
Пред медиумите по убиството се обратил татко на настраданата Хадија, Натанијел Пендлтон, говорејќи директно на убиецот на неговото дете.

По повод бруталниот злочин, зборуваше и портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни, велејќи дека претседателот Обама и првата дама Мишел во мислите и молитвите се со семејството на настраданата тинејџерка.

Како што изјави претседателот, никогаш нема да бидеме во можност да го уништиме секој чин на зло во оваа земја, но ако можеме да спасиме и еден живот на дете, имаме обврска да го направиме тоа и да го спречиме вооруженото насилство, додал Карни.

http://www.youtube.com/watch?v=uI8txqQXklc&feature=player_embedded
http://www.youtube.com/watch?v=6YGXZRMe1zM&feature=player_embedded
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag