
Уникатна фотографија на Едвард Сноуден објавена во руското издание на Lifenews.ru. Таму се гледа како бившиот агент на ЦИА ја напушта транзитната зона на аеродромот Шереметиево каде престојуваше месец дена. Сноуден е во придружба на соработничка на Викиликс Сара Харисон и неговиот адвокат Анатолиј Кучерена. Американецот доби политички азил во Русија – факт кој внесе нестабилност на релација Москва – Вашингтон. Сноуден добил документ со кој може да престојува на територијата на Русија една година.
