Памела Андерсон се прослави благодарение на своите адути, но понекогаш е најдобро да ги држи под контрола.
Сепак, тоа не се случи за време на нејзиниот настап во новото британско шоу ‘Dancing On Ice’. Памела Андерсон носела деколтиран фустан под кој не носела градник, туку само светликави лепенки со кои си ги покрила брадавиците.
Но, под притисок на енергичните движења фустанот не издржа, а нејзините бујни гради постојано покажуваа непослушност и ’бегаа’ надвор. Нејзиниот лизгачки партнер Мет Еверс се обидувал да се контролира и да не гледа во деколтето, обидувајќи се да ѝ помогне на старлетата со кореографијата, но такво нешто едноставно не беше возможно, па и самата Памела се пошегува на своја сметка.
Сепак, жирито не беше премногу импресионирано бидејќи тие гласаа против неа. Штета, кој знае што се Памела ќе ни приредеше на мразот…