Успешно пресаден првиот вештачки бубрег

popara16 април, 20131min00
3

Американските научници вчера објавија дека за прв пат во лабораторија направиле вештачки бубрег кој бил успешно пресаден и почнал нормално да функционира.

Бубрегот е создаден во Масачусетс со помош на техника која порано се користела за бели дробови, срце и црн дроб, а лекарите тврдат дека вештачкиот бубрег почнал да произведува урина од моментот кога бил пресаден на глушец.

Бубрезите ја филтрираат крвта при што ги елиминираат отпадните материи и вишокот вода. Тоа се и најбараните органи за пресадување со долги листи на чекање. Во оваа техника научниците користат стар бубрег кој го чистат од сите стари ќелии за да добијат калап. Потоа бубрегот се реконструира со ќелии земени од пациентите.

Поголемиот дел од бубрезите достапни за пресадување се одбиени, но со новата техника би можеле да се искористат како основа за создавање нови.

Во САД во моментов 100 000 пациенти чекаат пресадување на бубрег, а годишно се обавуваат само 18 000 трансплантации. Вештачкиот бубрег ќе придонесе голем дел од пациентите да бидат независни од хемодијализа.

Bubrezi

Bubrezi su ključni za dugovečnost

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma