Ужасни последици од зимата: Замрзнати животни препуштени на милост и немилост (вознемирувачко видео!)
13 декември, 20130
Страшното снежно невреме што деновиве ја зафати Турција доведе до тотален сообраќаен колапс и го загрази секојдневниот живот на многу граѓани. Ледениот бран особено ги погодил руралните области, а на удар се нашле и многу животни кои не успеале да најдат засолниште.
Животните кои ќе ги видите во клипот што следува не успеале да најдат засолниште и биле покриени со снег и мраз, но сеуште покажувале знаци на живот. Луѓето не можеле да поверуваат во она што го виделе. Кутрите животни не можеле да мрднат и биле на чекор до смртта.
За среќа, веднаш биле преместени во топла просторија, ги одмрзнале и успеале да преживеат.
httpv://www.youtube.com/watch?v=MeaSnfNrvPk