Сиднеј – Ужасно откритие на австралиските научници!
Ракот кога ќе метастазира изгледа дека никогаш нема да можеме да го излечиме бидејќи оваа страшна болест во тој момент се претвара во неколку посебни болести, кои тогаш почнуваат да се борат за превласт во организмот.
Стравовите на научниците
Во текот на експериментот иако примероците од две метастази се земени истовремено, а тие се развиле од еден ист тумор, од ист вид ткиво, нивната генетска структура била сосема различна.
“Во случајов имаме 2 вида рак. Два различни видови рак во исто време. Ова е многу страшно, бидејќи ако постојат различни механизми кои ги активираат метастазите, и ако тоа биде постојано така, како воопшто ќе можеме да ги спречиме? – изјавува д-р Ховенс.
Откритието на Ховенс ги потврдува претходните сомнежи на научниците дека лековите против рак понекогаш го помагаат развојот на болеста со тоа што ги убиваат помалку отпорните ракови клетки и со тоа ги оставаат оние посилните, доминантните, да се размножуваат и да го освојат организмот.
Имунотерапија – единствена надеж
Сите погледи на научниците се свртени кон имунотерапијата. Додека генетски различните ракови изгледаат како непреодна препрека за повеќето лекови, имунотерапијата би можела да биде “ахилова пета“ за ракот. Научниците сега се обидуваат да ја искористат високата способност за мутација на раковите клетки и да го активираат имуниот систем да ги убива смртоносните клетки. Ако би можело некако имуно системот да се натера да ги препознава раковите клетки како нешто што не е во ред, можеби би било возможно да се активира телото да го нападне овој дел што произлегува од самото ткиво. Научниците меѓутоа признаваат дека се далеку од замислените резултати.