
Звучи неверојатно, но Лејди Гага која сме навикнале да ја гледаме најчесто со шокантен и необичен стајлинг, со пердуви на глава, фустан од месо и разни луди комбинации, може и тоа како да биде вистинска дама. Ова се потврдува со новата кампања на модната куќа Версаче за пролет/лето 2014 година, чие заштитно лице е токму оваа скандалозна пејачка.
Повеќето модни критичари се согласиле дека Лејди Гага никогаш не изгледала подобро. На фотографијата пејачката носи фустан со боја на лаванда, како и црно здолниште и топ што го истакнуваат нејзиниот сексапил, а многумина се согласиле дека долгата руса коса многу наликува на фризурата на Донатела Версаче.