Најпродавана книга во Хрватска за 2008 година со продадени 150 000 примероци е “Голата вистина“, дело на старлетата Нивес Целзиус, за што е наградена со признание за книжевност.
Книжевното здружение на Истра во почетокот одбиле да ја доделат наградата на старлетата, сметајќи дека не е достојна да биде дел од “книжевната елита“, но случајот завршил на Првиот општински суд во Пула, каде сепак е одлучено Нивес да ја добие наградата.
“Среќна сум што конечно ја добив заслужената награда“ – изјавила пред новинарите Целзиус, која пред Домот на хрватските бранители била дочекана со трубачи.