
Џозефин Вит, активистка на Фемен, го продолжила протестот на својата феминистичка група против ставот на Римокатоличката црква за абортусот, качувајќи се гола на олтарот во катедралата во Германија за време на божиќната миса.
Кога ги разголила градите на кои пишувало “Јас сум Бог“, свештениците се обиделе да ја тргнат од олтарот и да ги смират вознемирените верници кои во моментот го слушале божиќниот благослов.
Фемен очигледно не се откажуваат од својот протест, а на нас ни преостанува само да ја чекаме нивната следна акција.
httpv://www.youtube.com/watch?v=XjFlzRNkKDs