Видео против Путин на сред вести

popara8 август, 20131min00

Приватна руска телевизија “Восточниј Експрес” на сред дневникот пуши во прилог видео против рускиот претседател Владимир Путин. Во видеото се наведуваат информации за убиени новинари, корупција и поранешни тајни агенти кои денеска се на власт.

rusija-putin

Гледачите кои очекуваа прилог за скенери во една болница, беа изненадени кога добија шанса да видат видео за “ерата на Путин”, во кое се наведуваат убиството на новинарката Ана Политковскаја и Наталија Естемирова, смртта во затвор на адвокатот Сергеј Магнитски и случајот за поранешниот нафтен магнат Михаил Ходорковски.

Според локалните медиуми, видеото е пуштено од страна на телевизиски асистент кој е во конфликт со регионалната администрација и кој бил отпуштен од работа по инцидентот, а може и да биде осуден за хулиганство.

Од доаѓањето на Путин на власт во 2000-та година, големите телевизиски канали се под контрола на власта и емитуваат само позитивни информации за својот претседател, за разлика од медиумите на интернет, каде тој е строго критикуван.

Погледнете го видеото кое се емитуваше, а веќе е достапно на интернет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma