Вин Дизел за Пол Вокер: Брате мој, душата ме боли, многу ќе ми недостасуваш!
2 декември, 20130
Трагичната смрт на актерот од филмот “Пеколни улици“ Пол Вокер ја потресе јавноста, снимките од оваа ужасна несреќа кружат низ интернет, а овој немил настан погоди бројни негови колеги меѓу кои и Вин Дизел кој и понатаму не може да поверува што се случило.
Тој се огласил преку Твитер за да изрази длабоко жалење за својот долгогодишен партнер од филмското платно.
“Душата ме боли. Пол беше толку добар човек. Почивај во мир пријателе. Сочувство до неговото семејство“ – напишал тој.
“Брате мој, многу ќе ми недостасуваш, ме остави без текст. Небото ќе добие уште еден ангел. Нашата цел беа ѕвездите и заедно постигнавме многу повеќе отколку што мислевме дека можеме“ – напишал Дизел покрај сликата со Пол од филмот “Пеколни улици“.