
Фактот дека некои родители со повеќе деца чувствуваат поголема наклоност кон едното дете, не претставува повеќе табу тема. Овие чувства според психолозите имаат реална и оправдана причина. Сепак, никако не смее тоа да биде причина за фаворизирање на “омиленото“ дете.
Во нашата средина, а веројатно и пошироко не е прифатено искрено да се зборува за тоа дека едното дете ни е помило од другото, но сепак динамиката на семејните односи зборува поинаку како и некои истражувања кои ја потврдија хипотезата дека е возможно повеќе да се сака едно од децата.
Истражувањето покажало дека голем процент од мајките и татковците прават разлика меѓу своите деца и чувствуваат поголема приврзаност кон едното дете.
Овие податоци никого не оставиле равнодушен, бидејќи преовладува мислењето во повеќето друштва дека родителите треба и мора да имаат безусловна и еднаква љубов за сите деца. Она што се смета за културно, друштвено, морално прифатливо, се коси со реалноста. А овој феномен го прави неизбежно прашањето: Зошто ова се случува?
Постојат различни фактори кои можат да доведат до фаворизирање на едното дете во однос на останатите деца. Тоа можат да бидат генетски предиспозиции и темперамент, карактеристики на личноста, пол, разни други фактори кои можат да се откријат во специфични околности .
Експертите тврдат дека и пораѓајот има влијание на односот мајка – дете. Болен, долготраен пораѓај може да предизвика амбивалентни чусвства кон бебето кои траат долго време. Mоментот кога мажот и жената ќе се реализираат како родители, може да влијае на нивниот однос кон детето. Бебето понекогаш доаѓа во момент кога сте одлучиле да се посветите на кариерата или пак раѓањето на бебето го сменило вашиот однос со партнерот.
Тие измешани чувства кон едното дете не ја искучуваат љубовта кон него, но токму таа контрадикторна природа на емоциите доведува до тоа родителите да ги премолчуваат овие вистини.
Родителот може кон детето да чувствува лутина, па дури и презир. За овие негативни чувства мора да разговара со психотерапеут за да ја открие подлабоката причина.
One comment
Златник
21 октомври, 2013 at 13:42
Глупости!
Авторот на овој текст:
1. Сигурно е некој кој немал/а ниту сексуален однос, а не пак да има деца!
2. Црпе (копира) податоци од некои западни (американски) извори и ги пласира како нешто „современо“ на овие простори. За да нели и, ние да почнеме така да се однесуваме.
Еееххх запад, запад … ! Дегенерици.