Авторот на документарниот филм “Ембарго на вистината“, Џереми Корбел направил интервју со високи функционери кои отворено зборуваат за постоењето на вонземјани.
Оваа стара тема повторно е актуелна, а за сето тоа допринесе јавниот претрес кој неодмана се случи во САД.
Поточно шест бивши конгресмени за време на јавниот претрес објавиле докази за постоење и вплетување на вонземјански живот во животот на земјаните.
Во филмот учествуваат новинари, историчари и активисти кои животот го посветиле на откривање на не една туку повеќе форми на вонземјански живот кои се нашле помеѓу нас.
Некои од изјавите кои се појавуваат во најавениот документарец се добиени од астронаути, воени пилоти, политичари. Вклучени во филмот се и радарски снимки од саботажа на нуклеарни проектили. Некои од сведоците активно работеле на залажување на јавноста, а сега пред камера ја признаваат грешката. Повеќето од наведените имале висока државна функција.
На прашањето зошто САД ова го крие, како впрочем и останатите земји, одговорите се разликуваат, но интересно е дека повеќето не веруваат дека проблемот е страв од губење на редот или исчезнување на религиите, туку самата желба на вонземјаните да не бидат разоткриени.
httpv://www.youtube.com/watch?v=W97CFB0Cqmk