Вториот голф7 од 7ма Брзина ќе се вози низ Охрид

popara1 октомври, 201319min00
01

 

 Најновата Инстант лотарија на Држвна лотарија на Македонија- 7ма брзина се повеќе добива на популарност кај нашите играчи на среќа, а со тоа расте и бројот на среќни добитници.  Најновиот во оваа убава алка среќни играчи на ДЛМ е прилепчанецот Владо Цветановски кој живее во охридското село Лескоец. Премијата која тој ја освои во Инстант лотаријата 7ма Брзина, Голф 7 му беше доделена токму од среќното место каде тој ја купил грепката, продажното место на НИКОФОН во населбата Ѓорче Петров во Скопје.

 

 

Тој на пат кон дома, застанал да купи полнач за неговиот мобилен апарат од продажното  место на Никофон.  Грепките му го привлекле погледот, па се одлучил да купи и две од нив.  Не ги изгребал веднаш, тоа го оставил за денот кој носи среќа како датум во неговото семејство.  На 18 септември неговата ќеркичка Анастасија наполнила еден месец, а на овој убав датум тој ја побарал раката на својата сопруга, но и нивната свадбена веселба се случила на 18ти септември. Токму поради ова, одлучил да провери дали овој датум ќе донесе уште еден убав настан за него и неговото семејство. Не погрешил.  На една од грепките, стрелката го покажала Голфот 7, па еве од денес ќе може да го управува својот нов автомобил, благодарение на симоликата на неговиот среќен датум.

 

 Само за постетување досега покрај двете премии-автомобил Голф 7, имаме и по еден добитник на 100 илјади и уште еден кој освои 50 илјади денари во најновата Инстант лотарија на Држвана лотарија на Македонија, 7ма Брзина. Инстант лотаријата СЕДМА БРЗИНА беше лансирана на 10ти јули годинава, а  на играчите на игрите на среќа им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до одличната понуда на добивки на чело со 10 автомобили ГОЛФ 7, обезбедени во соработка со Порше Македонија. Вкупниот број на добивки во новиот Инстант лоз на ДЛМ е 311.030, а вкупен фонд е 26.702.000 денари, со што секој трет лоз е добитен.

 Лозот СЕДМА БРЗИНА содржи поле за игра, поделено на девет сегменти, прекриено со заштитен слој под кој се наоѓа стрелката и автомобилски брзинометар. Стрелката лесно го насочува играчот кон видот на добивката прекриена со заштитниот слој, додека пак на  брзинометарот се испишани видовите на добивки и тоа од 0 до останатите добивки кои следат по раст, 40, 80….50.000, 100.000, заклучно со премијата ГОЛФ 7. Стрелката може да упатува само на еден вид на добивка. Доколку упатува кон 0, тогаш лозот е недобитен.

22

 ЗА ДОБРО!

Државна лотарија на Македонија

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *