Windows 8.1 пуштен во глобална употреба

popara21 октомври, 201321min00
15

Мајкрософт ја пушти во употреба надградбата за нивниот оперативен систем 8.

Виндоус 8 се обиде да го премости јазот помеѓу уредите на допир, како таблетите и смартфоните и повеќе традиционални форми на лаптопи и десктоп компјутери. Како и да е, многу луѓе најдоа грешки во “плочкастиот” интерфејс со тоа што некои главни апликации не работеа како што треба.

Надградбата на 8.1 вклучува:

–       Start копче, со едно кликање на ова се покажува целиот интерфејс и долго држење на тоа се отвараат контолите на системот,

–       Desktop mode– дозволува да се отстрани “плочкастиот” интерфејс комплетно,

–       Gesture control– некои апликации како на пример тие за готвење, може да се листаат без допирање на уредот,

–       Web browsing –уредите кои користат Виндоус 8 нема повеќе да ги прикажуваат посебно сите страни на пребарувачот една по една.

Листа на други измени како и подобра поддршка за мулти-таскинг и подобрени линкови на Xbox  може да се видат на официјалната страна на Мајкрософт.

Foto: AP/Wally Santana