Бијонсе е една од најпопуларните светски пејачки за чии облини воздивнуваат и мажите и жените!
Нетрпелив обожавател ја фотографирал новата насловна на GQ магазинот која брзо се прошири на интернет.
Покрај тоа што стана мајка, Бијонсе е подготвена за нови предизвици. Наскоро излегува нејзиниот прв документарец, а најавува и нов албум. Своето секси тело го покажала на насловната на GQ магазинот за месец февруари, а самата фотографија се појави во јавноста пред време и почна да циркулира на интернет.
Овој магазин за мажи штотуку ја прогласи Бијонсе за најубава жена на 21 век, па затоа и добила одлична можност да ја покаже својата нова фигура по раѓањето на својата ќерка Блу Ајви.
Мали леопард гаќички и кратка маичка под која се ѕиркаат градите се само вовед на она што не чека внатре…