
Анксианг Ду го убил неговиот бивш деловен партнер Џифенг Динг, неговата сопруга и двете ќерки после што од Велика Британија побегнал во Мароко каде после 14 месеци бил уапсен.
Бруталното повеќекратно убиство кое го извршил со нож оди на совест на полицијата на Вутон кои не одговориле адекватно на паничниот повик од страна на едно од девојчињата.
После убиството на четиричленото семејство, убиецот легнал да спие на местото на злосторството и дури ноќта со автомобилот на убиеното семејство го напуштил градот.
Мотив за убиството е изгубена парница околу компанијата за лековити билки која помеѓу убиецот и жртвата траела дури 10 години. Анксианг поради судски трошоци останал должен 88 000 фунти, после што на своето семејство напишал проштално писмо и се упатил кон домот на жртвите.
httpv://www.youtube.com/watch?v=wfG7ZKJ2N2c