Запознајте го најскапото куче во светот!

popara15 јули, 20131min00
15

Тибетскиот мастиф е најскапото куче во светот, а легендата вели дека и Буда имал ваков миленик.

Тибетскиот мастиф потекнува од Тибет каде со векови ги чувал манастирите и номадските племиња. Живее и на Хималаите, а поретко во другите делови од светот, што го прави доста ексклузивна раса. Денес претставува статусен симбол за источниот свет.

Во 19 век кралицата Викторија добила на поклон тибетски мастиф, после што повеќе вакви примероци биле увезени во Англија. Таму со тек на време расата била доведена до совршенство. Денес тибетскиот мастиф е сосема поинаков – посветен на сопственикот и мирољубив.

Заштитнички е расположен, одмерен и внимателен. Посветен на семејството, особено на децата. Тврдоглав, одлучен и упорен, но за среќа кај него постои огромна желба да му угоди на сопственикот.

Пред неколку години единаесетмесечен примерок од оваа раса беше продаден во Кина за 1,5 милини долари.

pas, tibetanski mastif,