
На аеродромот во Панама уапсена е 44 годишна жена која во стомакот носела повеќе од 31.000 долари.
Една жена од Гватемала, беше уапсена на меѓународниот аеродром во Панама, додека се обидувала да влезе во земјата со повеќе од 31.000 долари во стомакот, соопштила синоќа полицијата.
Во соопштението се наведува дека 44 – годишната жена, чиј идентитет не е откриен, е уапсена во понеделникот, бидејќи поради “сомнително однесување“ била подложена на рендгенски преглед.
Во стомакот на жената се пронајдени 39 “ролнички“ пари, чија вредност полицијата засега ја проценува на 31. 200 долари. Се очекува дека “ролничките“ кои останале во стомакот на жената, ќе бидат извадени во болницата во престолнината на Панама, по што властите ќе можат да одредат колку точно пари нелегално се обидела да внесе во земјата.