
На гробиштата во предградието на Сао Паоло жена која останала анонимна на патот кон семејната гробница слушнала пригушен звук и повик за помош. Кога се упатила кон местото од каде доаѓал звукот, погледнала рака која излегува од под земјата и која се движи во обид да се ослободи.
После раката полека почнала да се забележува и глава. Преплашената жена гледајќи го “мртвиот“ човек како се обидува да излезе од својот гроб, инстиктивно побегнала вриштејќи и повикала полиција, кои биле мошне скептички кон исказот.
Било утврдено дека закопаниот човек и понатаму дише, па бил откопан и веднаш префрлен во болница. Како што подоцна се дознало, станува збор за службеник од градската општина за кој се верува дека бил нападнат и претепан, а потоа жив закопан во првото слободно гробно место.

http://www.youtube.com/watch?v=hcydhvy7Dhw