Животот е краток: Овие фраери мора да ги “пробате“!

25 декември, 20130
26

Младоста е создадена за експерименти и девојките би требало ова паметно да го искористат. Постојат толку различни фраери на овој свет, па зошто да не се впуштите во разни игри пред да се врзете само за еден? Доколку сте авантуристичка душа, треба да знаете кои типови мажи не смеете да ги пропуштите.

Излезете со некој кој на прв поглед не ви одговара

Не значи дека треба да излезете со тип кој ви оди на нерви, но треба да излезете со некој за кој никогаш не би рекле дека е по ваша мера. Спротивностите се привлекуваат, а младоста е идеална за да проверите дали е ова вистина или не.

Дајте му шанса на упорниот тип

Зошто на фраерот кој постојано ве кани да се видите, а вие постојано го одбивате, не му дадете шанса? Можеби ќе ви биде многу досадно, но можеби ќе се случи и нешто неочекувано. Искористете го моментот и излезете со него.

Излезете со “лошо момче“

Можеби ви звучи как лош совет, но на секоја девојка барем еднаш во животот и треба тој еден “лош дечко“. Сигурно добро ќе се забавувате, а ако ве повреди, барем ќе научите да ги цените добрите момци. Секое искуство чини злато.

Пробајте од забранетото овошје

Не зборуваме за женети мажи или за некој што има девојка. Станува збор за некој на кој не би требало многу да му се приближувате. Тоа може да биде асистент од факултет, колега од работа или најдобриот пријател на вашиот бивш дечко… Малку забава на никого не пречи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit