Зимска диета: Ако сакате минус килограми, зголемете ја температурата во вашиот дом!

16 декември, 20130
7

Колку повисока ќе биде температурата во вашиот дом, толку помалку килограми ќе имате.

Температурата во домот повисока од 23 степени се поврзува со понизок индекс на телесна тежина. Истовремено топлината придонесува за поголема потрошувачка на енергија, но и намален апетит, поради што луѓето губат килограми.

Научниците овој феномен го објаснуваат така што телото мора да одржува постојана температура, поради што во претопла прострорија ќе мора да испушта топлина. Со оглед на тоа дека тој процес бара енергија, доаѓа до согорување на маснотиите и со самото тоа слабеење.

За да биде слабеењето уште поинтензивно, освен високата температура во домот, експертите препорачуваат во своето мени да вклучите пет оброци овошје и зеленчук што ќе ви помогне да се чувствувате сити, а со самото тоа ќе го спречите внесот на масти и шеќер во организмот. Вашата вага ќе ви биде благодарна.

Foto-ilustracija: Foter.com / Alan Cleaver

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit