Денес ние златото го прифаќаме како “мерило” на благосостојба. Но тоа не е само тоа! Освен материјален показател, златото може да ни донесе многу среќа во животот. И поконкретно преку нашиот накит. Правиме едно важно појаснување дека накитот влијае врз нас само и единствено, ако нема камења по него. И колку и да не ви се верува, тоа може да менува судбини, па дури и да прави чуда! Како, видете сами!
Како ни ја одредуваат судбината златните ланчиња и приврзоци?
Златните ланчиња и приврзоци ги смируваат емоциите и не прават балансирани како личности. Луѓето кои ги носат потешко се оддаваат на гневот, што пак е предуслов за донесување на правилни одлуки.
Се проценува дека секој понервозен и избувлив човек може тотално да си ја смени судбината, ако редовно ги носи овие орнаменти. Ќе биде среќен во љубовта, повеќе успешен на работното место и најважно – повеќе здрав!
Како ни ја определуваат судбината златните прстени?
Златен прстен без никакви камења, носи самодоверба, решителност и власт над останатите. Привлекува најдобра среќа, што се однесува до општествената положба и пари. Златниот прстен помага јасно да ги видиме сите наши можности и перспективи, како и најдобрите патишта по кои треба да дејствуваме. Затоа луѓето кои го носат, имаат огромна шанса да станат финансиски независни и со висок јавен ранг.
Има, меѓутоа, и еден детаљ – златниот прстен дејствува токму спротивно (т.е. носи несреќа, сиромаштија и малер), ако личноста која го носи, во принцип е импулсивна и често превзема неосновани ризици. Затоа внимавајте!
Како ни ја определуваат судбината златните обетки?
Златните обетки им помагаат на жените да се ослободат од комплексите. Освен тоа привлекуваат повеќе обожаватели во нивните животи.
Ако одите на прв состанок или интервју за работа, задолжително носете златни обетки. Тие се јавуваат како моќен талисман, кој ќе ви донесе среќа. Друго важно дејство на овој накит е дека помага да се ослободите од стресот и влијанието на лошите зборови. Дамите кои ги носат редовно ќе бидат среќни и почитувани.
Како ни ја определуваат судбината златните нараквици?
Златни нараквици не треба да носат луѓето кои кои се премногу осетливи на туѓото влијание, бидејќи тоа може да ги осуди на малер и несреќна љубов! Доколку сакаат да го неутрализираат негативното влијание, треба да носат нараквица со камчиња.
Но, пак, ако сте креативна личност или имате креативна професија – создавате нешта со рацете, задолжително треба да носите златна нараквица.