Зошто кучињата се подобри од мажите?

popara12 февруари, 20131min00
kuce

Внимание! Со овој материјал не се обидуваме да ги навредиме мажите. Напротив – знаеме дека тие имаат неспоредливо чувство за хумор и нема да ни се налутат.

Колку и да се прекрасни, сепак, не се совршени. И ние исто така. За разлика на тоа, сепак, кучињата имаат некои квалитети нетипични за луѓето и им недостасува огромен дел од нашите најголеми недостатоци. Прво, тие не можат да зборуваат со нас. И затоа, наместо да не маѓепсаат со сомнителни зборови, прават се што е во нивна моќ за да ја покажат љубовта преку дејства.

Љубов вечна и искрена. Токму поради оваа нивна моќ, одлучивме да им доделиме достојно место во оваа љубовна тема на месецот. Еве како се држат овие наши најдобри пријатели, додека мажите се во фазон -“Го мразам Денот на вљубените!”:

1. Кучињата не изневеруваат
Кога ќе влезете во домот со куче, можете да бидете сигурни дека единственото кое ќе ве пречека, е прелевање од љубов кон вас и мафтање со опашката од среќа и возбуда. А не маж, кој си мафта “опашката” пред туѓа жена во вашата спална соба.

2. Кучињата не креваат скандали за доцнење
Им недостигате им од првата секунда во која сте излегле. Но, колку подоцна се вратите, толку поентузијастички ќе бидете пречекани со целата нивна посветеност.

3. Кучињата не се комплексират дека заработувате повеќе пари од нив
Напротив, за нив е подобро да се случува токму тоа. Сепак најдобриот пријател на човекот бара доста грижи и би било убаво ако можете да си ги дозволите. Покрај тоа, тој никогаш нема да ви направи забелешка за износите кои ги трошите за облека.

4. Кучињата се чувствуваат виновни за грешките
Знаете како изгледа кученцето кога знае дека направило беља? Ја подвиткува опашката, ги спушта ушите, ја лепи муцката за подот, ви го испраќа најмилиот поглед на светот … А сега замислете како маж, кој згрешил и се обидува да ги прикрие трагите…

5. Kучињата немаат криза на просечна возраст
Сигурно нема да се пуштат во потрага по помлада сопственичка. Нема да ги потрошат сите ваши пари за скап автомобил, со кој ќе се докажуваат.

6. Кучињата не изгледаат лошо утро
Тие секогаш се такви какви што ги сакате и нема како да ве стресат со несредениот изглед. Не се бричат.

7. Кучињата не го забележуваат лошиот здив наутро
Сè што доаѓа од вас, им мириса прекрасно и никогаш нема да се повлечат, бидејќи им мирисате лошо. Нема опасност и да се опијат од скапиот парфем на некоја девојка на улица – “мирисот” на валканите чорапи секогаш ќе остане омилен за нив.

8. Кучињата сакаат да се гушкаат
Па, може да се случи да пројават поинаков интерес за нозе на некој ваш гостин, но генерално сакаат  гушкање, без други намери. И никогаш нема да ви кажат дека ги задушувате со телото додека спијат. А, како што знаеме, не сите мажи можат да се пофалат со ваквото внимание.

9. Кучињата ги сакаат вашите пријателки
Се дружат добро со секоја од нив, не се обидуваат да ве свртат против неа и ниту да ги ограничат вашите контакти. Напротив – се радуваат на вашите пријателки, без да постои опасност да се одлучат дека ја сакаат повеќе од вас.

10. Кучињата никогаш не се жалат на вашите кулинарски способности
Што и да им направите, различно од сувата храна, ќе биде веднаш изедено, чинијата ќе биде излижана и веројатно ќе го добиете познатиот нежен поглед кој моли за уште.

11. Кучињата никогаш нема да се пожалат дека сте ги земале некаде
Напротив, за нив тоа ќе биде најголемата среќа на светот! И нема да се напијат за да ви се осветат.

12. Кучињата можат да се тренираат
Да ги земеме за пример тоалетните навики едните и другите миленици. Нема куче, што не може да се научи каде точно треба да врши нужда. Додека мажот си доаѓа со изградените навики и можете да потрошите години во озлогласениот спор за капакот на тоалетната школка. Секој пат кога ќе се обидете да промените нешто во него, тој ќе ви излегува со муабетот: “Треба да ме сакаш таков каков што сум!” Кучето, за сметка на тоа, нема ништо против да го дресирате – му одговара да се занимавате со него.

13.Кучињата не се жалат, ако тропате додека спијат
Најмногу што може да направат е да станат и да побараат да си играте.

14. Кучињата ја покажуваат својата љубов јавно
Ако ги гушнете пред луѓето, само ќе се почувствуваат на седмото небо. Нема опасност да ви направат забелешка, бидејќи се срамат. Ниту пак ќе се грижи дека некој несоодветен човек ќе го види настанот во близина.

15. Кучињата не се заинтересирани за вашата тежина
Што им е гајле како изгледате? Тие се безрезервно приврзани кон вас и колку повеќе килограми тежите, толку повеќе килограми ќе има за нив да сакаат.

16. Кучињата си доаѓаат на 4 нозе, но не се пијани
Или барем досега не сме слушнале за таков случај. Покрај тоа, тие немаат претензии да водат пријатели дома за пиво и натпревар.

17. Кучињата не се заразуваат со полово преносливи болести
Може и да се случи да одат по кучки, но потоа ќе се вратат кај вас и се ќе си биде старо.

18. Со кучето нема да се карате за далечинскиот
Па, додека кутрето е мало, може и да уништи едно-две далечински. Но откако ќе сфати дека не треба да прави така, повеќе никогаш нема да пројавува претензии кон ништо поврзано со телевизорот.

19. Кучињата не зборуваат за бившите
Ниту пак ќе се обидат да ве споредуваат со нив. А кога станува збор за споредби, вашето милениче нема да ви се качува на галава со тоа дека мајка му подобро се справува со домашните работи.

20. Кучињата не играат со вас
Играат, се разбира, но единствено во забава, а не во психолошка смисла на зборот. Омилено им е фрлање стап и тие да го гонат, дури нема потреба да се грижите дека ќе се исмејуваат на лошиот замав.

21. Кучињата не ги критикуваат вашите шоферски способности
Едноставно се задоволни дека сте ги земале во автомобилот. И нема веднаш да земат да запалат цигара од нервоза.

22. Кучињата одлично ги прифаќаат бакнежите
Прво, штом ве лизнат, значи навистина ве сакаат, не го прават тоа само по навика. И второ, немаат ништо против да ги бакнувате кога сте со кармин.

23. Кучињата користат само две чинии за храна
Една за храна и една за вода. Односно, нема опасност да го затрупаат целиот дом со неизмиени чинии, чаши и полупразни шишиња.

24. Кучињата не ви наметнуваат домаќински обврски
Е да, по нив исто така треба да се чисти доста. Но барем не се цинични и нема да све следат колку често и како точно ги исполнувате своите домашни обврски.

25. Кучињата нема да се налутат ако постојано не ја докажувате љубовта
Да, се разбира, ако зависи од него, ќе треба да им се радувате постојано. Но, во случај да не го правите тоа, нема да ве прогонуваат со мрчење и анализи на вашите односи.

26. Кучињата не се караат
И не се вообразуваат, дека се компетентни за сите прашања!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma