Зошто некои луѓе никогаш не успеваат да „полетаат“?

15 март, 20130
8

Пред извесно време научив дека човек е способен да поднесе многу повеќе отколку што некогаш мислел дека може. Тешкотиите во животот се појавуваат за да ни ја зајакнат волјата , да ни покажат дека среќата не е ниту во безгрижниот ниту во лесниот живот. И по тој повод решив да споделам со вас една поучна приказна за пеперутката и смислата на напорите.

„Случајно шетајќи низ гората еден човек забележал кожурец  и како младата пеперуда се обидувала да излезе низ малиот процеп. Минало доста време, но пеперудата како да се откажала немоќно од својата цел, а процепот и понатака останал премногу мал за да би можела таа да излезе. На човекот му се сторило дека пеперудата дала се од себе и дека во неа нема повеќе сили за да направи било што повеќе. И така човекот решил да и помогне – го извадил ножот и го прошил процепот на кожурецот за да и овозможи да излезе. Пеперудата веднаш излегла. Но нејзиното телце било слабо и немоќно, крилата и биле недоразвиени и едвај се движеле. Човекот продолжил да набљудува мислејќи дека крилата на пепердата ќе зајакнат и дека таа ќе може да полета. Но ништо слично не се случило. Остатокот од својот живот пеперудата се влечела по земја. Таа никогаш не успеала да полета…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *