Промените на нозете, ноктите или кожата може да бидат прв знак за потенцијални болести. Затоа не смеете да ги занемарите вашите стапала.
1. Стапала без влакна
Ова би можело да укажува на озбилен проблем со циркулацијата. Иако во лето не изгледа убаво, влакненцата на прстите на нозете се добра работа. Изненадувачката “ќелавост” може да значи дека вашите стапала не добиваат доволен проток на крв. проверете го крвниот притисок и циркулацијата.
2. Чести грчеви во стапалата
Ова е знак на дехидратација и недостаток во исхраната. Грчевите кои се појавуваат понекогаш може да бидат поврзани со генетиката, но и причина за лоша циркулација и проблеми со нервите. Решението се наоѓа во вежбање и консумирање вода – бидејќи дехидратацијата доведува до грчеви во мускулите. Исто така, во договор со лекарот, пробајте да го зголемите внесувањето на калиум, магнезиум и калциум.
3. Рани кои не можете да ги заздравите
Тврдокорните рани и чиреви би можеле да бидат знак за дијабетис. Големото ниво на глукоза во крвта може да доведе до оштетувања на нервите во нозете, затоа доколку забележите било какви сомнителни рани, истите треба да ги проверите со лекар.
4. Секогаш ладни нозе
Хипотиреоза (намалена работа на штитните жлезди) е најчеста причина поради која нозете не можат да ви се згреат. Овој проблем носи со себе загуба на коса, умор, дебелеење, депресија. Лекот е во правилната исхрана, а задолжително консултирајте се со лекар за лекарства и терапии.
5. Проширен палец
Неочекувана промена на палецот на ногата бара итна реакција на лекарите. Би можело да се работи за гихт, артритис или инфекција. Не чекајте да помине само од себе.
6. Вкочанетост
Вкочанестост на двете нозе е позната како периферна неуропатија, најчесто предизвикана од дијабетис, хроничен алкохолизам или нуспојави од хемотерапија. Меѓутоа, вкочанестоста на едната нога или стапало може да значи стегнатост на нервите во стапалата или глуждот (што може да биде предизвикано од тесни чевли).
7. Неправилна положба на стапалата
Можеби е наследно, а може и да се случи од долгорочно носење на високи потпетици.
8. Болка во петите
Чувствувате остра болка кога станувате од кревет или од столица? Тоа се лигаментите кои го држат вашето стапало. Ако се оштетат лигаментите, се чувствува болка во петите. До оштетување доаѓа поради честото носење на несоодветни чевли: апостолки, високи потпетици, стари патики и слично, но и поради дебелина, форсирано трчање или одење (особено во неадекватни чевли). Превенцијата е во добар избор на чевли, а ако се занимавате со вежбање – задолжително истегнувајте ги стапалата на почетокот.
9. Чешање или лупење на кожата
Ова можеби е знак на габична инфекција. Задолжително користете креми против габички и чувајте ги нозете суви во текот на денот.
10. Жолти нокти на нозете
Жолтата боја на ноктите може да дојде со годините, но може да биде и знак за инфекција.