Девојчето на возраст од 12 години и три месеци и нејзиното 13 – годишно момче станаа најмладите британски родители , известува The Sun.
Мајката имаше само десет години кога го запознава таткото, сеуште била во основно училиште кога таа останала бремена .
Младиот пар од северен Лондон за време на викендот ја прославија раѓањето на ќерката . Девојката е пет месеци помлада од претходно најмладата британска мајка , додека нејзината мајка, со 27 години, стана најмладата британска баба.
” Мајката на бебето и таткото беа во врска повеќе од една година , па тоа не е една минлива романса. Тие имаат намера да останат заедно и да ја одгледуваат својата ќерка “, изјави извор за The Sun.
” Нивните родители ги поддржуваат. Тоа е многу тешка ситуација , бидејќи тие се многу млади, и нивните семејства застанаа зад нив. ”
Претходната најмлада мајка во Велика Британија е Теса Мидлтон која роди во Единбург на возраст од 12 години и осум месеци во 2006.
Најмладата мајка во светот е Лина Медина од Перу . Тоа во 1939 година го раѓа синот, кога таа имала само пет години.