3 години по стапувањето на законот во сила, секој човек мора да има чип во себе!

10 декември, 20140
18
Чипувањето на човештвото е во полн ек, а библиски најавениот “Жиг на ѕверот”, кој секој човек “ќе мора” да го прифати, веќе е подготвен и се вградува во луѓето.

Имено, светските лидери смислуваат стратегија за тоа како да се изведе чипувањето на луѓето на начин што луѓето ќе го прифатат, без паника, самите посакувајќи го тој чип во своето тело. Дел од тврдењата велат дека до 2017 година целото човештвото ќе мора да има чип во своето тело.

Она што е сигурно е фактот дека жителите на САД сигурно ќе добијат чипови затоа што во новиот закон на Обама, познат како “ObamaCare”, јасно пишува дека чиповите RFID ќе бидат, како идентификација, вградени во телото на секој човек во Америка.

На 1004-та страница од законот пишува: “Чипот кој ќе го вградиме во луѓето ќе има можност за следење, но ќе биде поврзан и со банковните сметки.” Во законот се споменува и законската рамка за вградување на чиповите или поточно: “Најдоцна 36 месеци од стапувањето на законот на сила, чиповите мора да бидат вградени”.

Со оглед на тоа што овој закон стапил на сила на 23 март 2013 година, тоа би значело дека според законот, секој ќе мора да има чип во своето тело до 2017 година.


Кога станува збор за Европа, веројатно и нашиот континент набрзо ќе го преземе трендот. Овие чипови во Америка се прикажуваат како нешто модерно, односно нешто кое што мора да го имаат сите оние кои сакаат супер моќи!

Да, токму така, супер моќи бил описот со кој се послужила поранешната директорка на “DARPA”, агенцијата на американското министерство за одбрана задолжена за развој на воени технологии, сега една од директорите на “Google”, Реџина Даган.


Гостувајќи во една емисија, таа ги претставила микрочиповите кои што сите ќе ги сакаат, а со кои што човекот ќе се претвори во “супер човек” со одбранбени моќи, чип со кој ќе може да се управува со модерната технологија, преку мислите, преку допир…

 

Покрај тоа што била задолжена за претставување, таа дури и го покажала чипот. Така, пред камерите таа го покажала својот “Жиг на ѕверот” во облик на електронска тетоважа на својата рака, а фалејќи се со тоа, таа добила и огромен аплауз од публиката.


Покрај овој вид на идентификација, како што го опишала Регина чипот, таа го претставила и револуционерниот микрочип во облик на минијатурна пилула која до крајот на животот ќе се полни од електролитите во човековото тело и кое ќе испраќа електронски импулси надвор од него.

“Тоа ќе биде како да имате супер моќи! Ќе можете да управувате со технологијата! Така на пример, веднаш штом ќе се приближите до автомобилот, вратата сама ќе ви се отклучува, нема да има потреба ниту да ја допрете бравата”, објаснила Даган.


Во рамките на гостувањето, Даган била запрашана и дали, покрај тие “супер моќи”, дали “Google” и останатите светски гиганти ќе знаат се за сите луѓе? Дали луѓето ќе бидат приморани да го “испијат” чипот во форма на таблета?

Даган продолжила да го фали овој револуционерен производ, нагласувајќи: “Тоа е нешто одлично, се што ви треба, ќе биде секогаш во вас. Знаете, личните карти и картичките за плаќање, сето тоа е дел од минатото, сега сите информации ќе бидат во вас”.

Помеѓу придобивките од чиповите, Даган ја навела и онаа во случај на несреќа, пациентите кои што ќе завршат во болница ќе може да бидат побрзо излекувани затоа што докторите веднаш ќе може да видат се за нив, нивниот здравствен картон, личните податоци, како и состојбата на банковните сметки.


Чиповите кои што ги претставувала Даган биле ново откритие затоа што според неа, стандардните чипови не можеле да се прилагодат на човековото тело. Така, таа појаснила дека се работело на дизајнирањето на чип кој што нема да го повредува мекото човеково тело.

Крајниот резултат е мини чип кој што се испива со чаша вода, а сето останато чипот сам ќе направи. Интересно е што за овој чип веќе било пишувано во “NewYork Times”: “Овие биотек чипови ќе имаат интегрирани кола, како и вие да сте компјутер, и истите ќе се поврзуваат на ДНК-та.”

Во продолжението на статијата пишувало: “Овие чипови ќе им овозможат на научниците да вршат експерименти над целото човештво, односно најразлични научни истражувања и тоа без лаборатории, без трошоци и непотребно трошење на време”.

Критичарите на оваа акција велат дека незамисливо е некој, “таму некаде”, преку сателит да може да го проучува било кој човек на планетата земја, а теоретичарите на завери веќе предвиделе дека чиповите ќе може да ги контролираат мислите и движењата на луѓето, па дури и да ги усмртуваат доколку тоа некој го посака.


Сепак, според реакцијата на публиката и громогласниот аплауз во студиото, при претставувањето на чипот, како и бројни други реакции, особено помеѓу младите во САД, ваквата контрола е неважна.

За многумина, пред се најважно е човекот конечно да напредува и еволуира во “супер човек” и конечно самиот тој да стане технологија, односно се што му е потребно секогаш да биде со него, да не мора да прикажува лична карта, ниту пак со рака да ги отвора вратите, да не треба да мисли, да не треба да памти – сето тоа ќе го прави чипот!

Несомнено, поголемиот дел од луѓето веројатно со задоволство ќе го прифатат чипот, па така, ширум Америка веќе голем број на луѓето подлегнале на третманот за вградување на чипот во нивните тела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş