
Во Албанија неодамна беа уапсени седум припадници на една келија, кои според албанското јавно обвинителство регрутирале борци за во Сирија. Меѓу уапсените се и двајца самонаречени имами, кои обуките и пропагандите ги вршеле во една се уште нелегализирана џамија на периферијата во Тирана.
Моментално четири лица од вкупно седум, колку што беа уапсени се во притвор, и се обвинети за проповедање на тероризам. Муслиманската заедница во Албанија побара албанските државјани да не патуваат во Сирија за оваа намена.