Шокантната снимка на која се гледа како жената од Бугарија се запалила пред канцеларијата на претседателот на државата Росен Плевнелијев, се појавила на интернет.
39-годишната жена најпрво се полила со бензин, а потоа се запалила. Огнот се обиделе да го изгасат луѓето кои во тој момент се наоѓале на самото место.
Жената, чиј идентитет не е откриен, била префрлена во болница и се наоѓа во тешка состојба. Има изгореници на 90 проценти од телото и нејзината состојба е критична.
https://www.youtube.com/watch?v=UL-JuFunGGg